Насловна / Дневни Вести / Студија за регулирање на реката Брегалница и изградба на мини акумулации и брани

Студија за регулирање на реката Брегалница и изградба на мини акумулации и брани

brani-na-bregalnica.jpgШтип – Центарот за развој на источно планскиот регион и Општина Штип денеска презентираа студија за можностите за регулација на река Брегалница и за изградба на мини акумулации, каскади и брани.

Според штипскиот градоначалник Зоран Алексов на територијата на Штип  каде што поминува Брегалницае  предвидена изградба на пет гумени брани.


– Истражувањата покажаа дека висината на централната брана која би била поставена помеѓу мостовите „Гоце Делчев“ и Камениот мост не треба да е поголема од 1,9 метри, за да се направи водно огледало во должина од километар. Околу водната површина ќе се изгради модерен кеј со шеталиште, трим патеки и плажа, рече Алексов.


Тој потенцираше дека презентираната цена во студијата за регулирање на Брегалница и изградба на мини акумулации од 7,9 милиони евра во градското подрачје се максималните, а целиот проект може да се реализира и за помалку пари.


– Централната брана би чинела околу 400 000 евра, за колку општината е моќна да обезбеди и сама средства, а поголемите вложувања во делот на кејот би се решиле со јавно приватно партнерство или по пат на концесија, појасни Алексов.


Во презентираната студија е направена и корекција на проектот за изградба на брана на река Отиња, која е притока на реката Брегалница. Наместо да се гради класична брана експертите препорачуваат изградба на насипна брана со височина од 18 метри, а ќе чини околу еден милион евра.

Испрати коментар

Scroll To Top